Ердоган остварил средба со Рохани

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со неговиот ирански колега Хасан Рохани.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оствари средба со неговиот ирански колега Хасан Рохани за време на посетата на Техеран. Тој воедно ќе одржи серија средби фокусирани на зајакнување на трговските врски и економските односи. Подоцна Ердоган треба да се сретне и со врховниот лидер Ајатолахот Али Хаменеи. Посетата доаѓа и покрај неодамнешните тензии меѓу соседните земји поради воената операција предводена од Саудиска Арабија против шиитските бунтовници во Јемен.