Симпатизерите му одадоа почит на Немцов

Симпатизерите на рускиот опозициски лидер Борис Немцов, денеска му одадоа почит, откако се навршија 40 дена од неговото убиство во близина на Кремљ. Неколку стотици луѓе положија цвеќиња и запалија свеќи на местото на убиството. Тие планираа да одржат и концерт, но никој не се нафати да го организира настанот во чест на Немцов, кој беше остар критичар на претседателот Владимир Путин.