Пакистан не брза со одлуката за Јемен

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф изјави дека не брза со донесувањето одлука дали земјата ќе и се придружи на коалицијата предводена од Саудиска Арабија кој се бори против шиитските бунтовници во Јемен. Шариф за време на парламентарната дебата за ситуацијата во Јемен порача дека очекува дипломатските напори со другите муслимански земји да донесат резултати. Тој го повика и Иран да се вклучи во меѓународната дискусија за безбедноста во Јемен.