Заев - Се ќе исплива на виделина и за процесот против мене

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска повторно беше на распит во Обвинителството. Тој даде исказ за обвинувањата за корупција, односно дека побарал 200 илјади евра мито од струмички бизнисмен. Заев изјави дека ова е само предмет во кој нема пари и предмет кој го пријавил кога почувствувал дека некој го мести. Тој порача дека не е адвокат, но знае оти процес во кој нема пари никаде во Македонија досега не се водел. Според него, ќе дојде време кога вистината и се ќе исплива на виделина, меѓу другото и за процесот против него. Тој не очекува дека ќе има нови докази за овој или другиот предмет.