Атина: Германија ни должи 279 милијарди евра воени репарации

Грчката влада соопшти дека Германија и должи 279 милијарди евра за нацистичката окупација на Грција за време на Втората светска војна. Заменик министерот за финансии Димитрис Мардас ова го изјави на седницата на парламентарната Комисија која специјално е формирана во врска со воените репарации. Според него, станува збор за заем од Банката на Грција што Германија го земала присилно, како и за украдени археолошки артефакти.Германија веќе неколку пати ги отфрли грчките барања за воени репарации наведувајќи дека веќе за таа цел на Атина и биле исплатени 115 милиони мраки во 1960 година.