ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за Законот за хашките случаи

лидерот на СДСМ Зоран Заев

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, по вчерашните наводи на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека Законот за амнестијата на хашките случаи бил донесен по договорот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ Никола Груевски и Али Ахмети испратија соопштенија во кои меѓусебно се обвинуваат за тоа кога и кој гласал за соодветниот Закон. СДСМ забележува дека Законот за амнестија за хашките случаи е изгласан во Собранието на 19 јули 2011 година, додека ВМРО ДПМНЕ одговори дека “Законот за амнестија бил донесен во 2002 година”. Во 2011 година, на пленарна седница на Собранието, е гласано автентичното толкување на Законот за амнестија а, како што наведува СДСМ, лично Груевски наредил Владата да даде автентично толкување со што се отвори пат за донесување на Законот за амнестија за хашките случаи.