САД очекуваат Грција да ги продолжи реформите

грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис

Вашингтон повторно ја повика Атина да состави програма на реформи која заслужува финансиска поддршка на нејзините доверители. Ова го соопшти американското министерство за финансии по вчерашниот состанок со грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис. Претходно Варуфакис во Вашингтон имаше состанок со Кристин Лагард, шефицата на Меѓународниот монетарен фонд кој е еден од грчките кредитори. По разговорите беше соопштено дека Грција до крајниот рок, четврток ќе му исплати на Фондот дел од долгот од 460 милиони евра.