Времето денеска: можни врнежи од снег

Во Македонија ќе биде облачно со врнежи претежно од снег кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Во западните делови на планините над илјада метри надморска височина ќе има натамошно зголемување на снежната покривка. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието и источните делови, а повремено засилен ветер ќе дува и во Пелагонија. Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од нула до шест степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи, претежно од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до три степени.