Голем раст на инфалцијата во Украина

Инфлацијата во Украина во првиот квартал од годинава пораснала на 20.3 проценти споредбено со периодот од јануари до март во минатата година. Само минатиот месец инфлацијата бележи раст од 45.8 отсто. Државната агенција за статистика соопшти дека цената на храната и неалкохолните пијалоци е зголемена за 15.3 проценти во однос на март, а цената на облеката и чевлите за 13.5 отсто. Цената на домување пак бележи раст од само 1,1 процент.