Протести во Молдавија

Протестите во Кишињев.

Околу две илјади демонстранти вчера се собраа во главниот град на Молдавија, Кишињев со цел да бараат правда за жртвите од немирите на антикомунистичките протести во 2009 година, кои ги оспоруваа и резултатите од парламентарните избори. Протестот организиран од страна на Граѓанската платформа за вистина и достоинство е најголемиот од таков вид против новата десно ориентирана власт, која коалицираше со комунистичката партија. Најмалку едно лице загина, а стотици студенти беа уапсени за време на протестите.