Десетици загинати во борбите во Јемен

Медицински и воени извори соопштија дека дестици луѓе загинале денеска во борбите помеѓу шиитските бунтовници и силите лојални на претседателот Абд Рабу Мансур Хади во јужен Јемен. Според нив, најмалку 19 бунтовници и 15 припадници на милицијата загинале за време на борбите за преземање на контролата врз градот Далех. Околу 17 цивили наводно загинале во градот Аден, каде исто така се водат борби.