Рејндерс-Да продолжи политичкиот дијалог во институциите

Белгискиот вицепремиер и шеф на дипломатија Дидие Рејндерс

Белгискиот вицепремиер и шеф на дипломатија Дидие Рејндерс за време на денешната посета на Скопје, порача дека неговата земја очекува од Македонија да забележи напредок, кој за да се постигне треба да продолжи политичкиот дијалог и опозицијата да се врати во Парламентот. Според него, се уште има реформи на кои треба да се работи, како независност на медиумите и на правосудството.

Во однос на името, Рејндерс рече дека Белгија може да и помогне на Македонија со своето искуство бидејќи доаѓа од земја каде регион го носи името Холандија. На новинарско прашање за случајот на прислушување, тој смета дека е потребно прво да се разјасни дали прислушувањето било легално или нелегално, а во однос на самата содржина да се види дали е потребно санкционирање.

Неговиот домаќин министерот за надворешни работи Никола Попоски изјави дека Македонија има интерес да ја реши аферата „прислушување“ со институционална и правна разврска без оглед на евроинтеграциите.