Саудиска Арабија побарала воена помош од Пакистан

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф.

Пакистанското министерство за одбрана соопшти дека коалицијата предводена од Саудиска Арабија кој се бори против шиитските бунтовници во Јемен побарала од Исламабад воени авиони, бродови и војска. Премиерот Наваз Шариф претходно понуди вербална поддршка за мисијата. Коалицијата веќе 12 дена по ред се бори против бунтовниците, кои во септември минатата година ја преземаа контролата врз Сана и го принудија претседателот да го напушти главниот град.