Грција вети исплата на долгот кон кредиторите

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис вети дека Атина во текот на оваа недела ќе го исплати својот долг кон нејзините меѓународни кредитори. По средбата со Варуфакис во Вашингтон, директорот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард синоќа изјави дека ја поздравува одлуката на Атина да ги плати своите долгови, чиј краен рок истекува на 9 април.„Фондот ќе се придржува кон својата обврска да соработува со грчките власти, со цел да и помогне на Грција да се врати на патот на одржлив развој и на вработувања“, додаде Лагард.