Кенија:Син на владин претставник меѓу напаѓачите во Гариса

Еден од четворицата исламски екстремисти кои го извршија нападот врз кенискиот универзитет Гариса, при што загинаа 148 лица, е Абдирахим Мохамед Абдулахи, син на владин претставник , соопшти денеска кениското Министерство за внатрешни работи

Сомалиската исламистичка милитантна организација Ал Шабаб jа презеде одговорност за нападот на универзитетот, со образложение дека тоа е одмазда за учеството на кениската армија во борбите во Сомалија.