Јемен: Продолжуваат воздушните напади

Воени авиони предводени од Саудиската коалиција денеска продолжија да го бомбардираат главниот град на Јемен, Сана. Ова е единаесеттиот ден од офанзивата против шиитските бунтовници Хути кои се противат на претседателот на Јемен Абд Рабу Мансур Хади.Во експлозиите погодени се домови и области по должината на границата со Јемен и Саудиска Арабија. Офанзивата продолжи и покрај вчерашното барањето на Русија до Советот за безбедност на Обединетите нации, за пауза во воздушните напади за да се овозможи испорака на хуманитарна помош и евакуација на цивилите.