Милитантите од Исламска држава окупираа сириски бегалски камп

Милитантите од Исламската држава ја презедоа конролата врз најголемиот дел од палестинскиот бегалски камп во јужното предградие на сирискиот главен град Дамаск, по четиридневната битка против ривалските палестински бунтовници. Сириската организација за човекови права денеска објави дека екстремистите контролираат околу 90 проценти од кампот за бегалци Јармоук.Во насилствата во кампот, што започна на 1 април, загинаа најмалку девет Палестинци, вклучувајќи и цивили. Кампот беше под контрола на сириските владини трупи повеќе од две години, наводно, за згрижување на опозициските бунтовници. Јармоук беше дом на околу 150.000 палестински бегалци пред востанието во Сирија во 2011.