Ангелов:Не помислувајте на приведување на Заев

Претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов и денеска во 12 часот со своите приврзаници и истомисленици одржа протест пред зградата на Македонската радио-телевизија, бидејќи јавниот сервис и понатаму ги игнорира аудио-снимките од телефонските разговори на властодршците коишто ги објавува лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Ни случајно да не сте помислиле да ги апсите Заев, зашто ќе падне крв. Бараме техничка влада, одржување избори во нормална атмосфера, а потоа народот нека каже дали власта ќе биде Заев, Ангелов или Груевски. Не им се плашете, не се страшни. . Народот треба да се ослободи од стравот, рече Ангелов.