Вучиќ: Пилотите не се виновни, тие се херои

Обвинителството ќе го испита секој вид кривична одговорност за уривањето на воениот хеликоптер при што загинаа седум лица, а секаков вид политичка одговорност барајте од мене, изјави денеска премиерот на Србија Александар Вучиќ.

Тој истакна дека членовите на екипажот се хеои, а не виновници и оти јавноста треба да прекине со хајката врз нив.

Во извештајот на српското Обвинителство за падот на воениот хеликоптер се наведува дека во крвта и урината на пилотот Омер Мехиќ се пронајдени траги на алкохол, објави Б92.

Вучиќ смета дека овој извештај не требал да се објавува.

Воен хеликоптер, кој пренесуваше бебе во животна опасност од Нов Пазар, се урна на 13 март во близина на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Во несреќата загинаа седум лица, а по падот војската на Србија формира две комисии за утврдување на причините за несреќата