Во Полска,Чешка и Словачка, Велигден постуден од Божиќ

Неочекуваното доаѓање на зимата во пролет им донесе на Полјаците, Чесите и Словаците климатски аномалии па на нивниот Велигден е постудено од Божиќ,а велигденските празници масовно ги поминуваат одејќи на скијање.

Велигденската сабота, која денеска ја одбележуваат милиони верници
според Грегоријанскиот календар, во многу области на Полска ,
Чешка и Словачка осамна буквално бела поради снегот и мразот.

Многу Полјаци како и Чеси и Словаци го користат продолжениот велигденски викенд за последно скијање во оваа сезона,а условите на ски стазите се дури и подобри од оние во јануари, велат некои чешки скијачи. Во некои зимски центри во Чешка снегот изнесува 80 сантиметри.