Сомалиските милитанти се закануваат со нови напади во Кенија

Сомалиските милитанти се заканија дека ќе извршат нови напади врз Кенија, откако нивните борци убиија речиси 150 лица за време на нападот на универзитетот Гариса во Кенија на 2. април. Маскирани напаѓачи на групата Ал-Шабааб упаднаа во Универзитетскиот колеџ, околу 200 километри од сомалиската граница.

Како што јавија медиумите, напаѓачите во првиот налет убивале кого стигнат, а потоа решиле да ги ослободуваат студентите муслимани и се насочиле само кон учениците од христијанска вероисповед за време на опсадата која траела 15 часа. Кенијската полиција извести дека досега петорица се приведени , за коишто властите се сомневаат дека се поврзани со масакрот.

Покрај убиените има уште околу 80 ранети студенти и вработени во студентскиот дом, а со оглед дека многумина недостасуваат се претпоставува дека билансот на жртвите може да биде повисок.