Рохани го поздрави договорот за нуклеарната програма на Иран

Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека рамковниот договор меѓу неговата земја и шесте светски сили ќе претставува историски момент за граѓаните. Рохани, говорејќи во телевизиско обраќање порача дека Иран верува оти во денешниот свет заканите и притисокот врз другите не функционираат и постигнувањето на било каков договор е во корист на сите страни.

Иран и шесте светски сили соопштија дека постигнале согласност за „клучните параметри“ на сеопфатен нуклеарен договор кој мора да биде финализиран до 30 јуни годинава.