Ирак-Абади бара да се воспостави ред во градот Тикрит

Ирачкиот премиер Хаидар ал Абади при посетата ан Тикрит.

Ирачкиот премиер Хаидар ал Абади им нареди на безбедносните сили да ги уапсат лицата кои ги прекршуваат законите во градот Тикрит, кој се наоѓа на 140 километри оддалеченост од Багдад. Ирачките безбедносни сили ја преземаа контролата врз градот по едномесечните борби со милитантите на Исламската држава. Случаи на грабежи беа пријавени по прогласување на победата во Тикрит.

Според Абади, спроведувањето на законот е од суштинско значење со цел да се врати нормалниот тек на животот во градот, а раселените лица да се вратат во своите домови.