Иванов-Нишани:Македонија и Албанија имаат заедничка иднина

Македонскиот и албанскиот премиер, Ѓорге Иванов и Бујар Нишани.

Македонскиот и албанскиот претседател, Ѓорге Иванов и Бујар Нишани по денешната средба оценија дека двете земји имаат заедничка иднина. Според нив, потребна е поинтензивна економска соработка, а со негување на добрососедските односи и заемна доверба ќе се обезбеди европска иднина и подобар стандард за граѓаните, но и капацитет за заеднички одговор на актуелните предизвици. Иванов изјави дека Македонија и Албанија ги обединува иднината и имаат заедничка цел да бидат дел од Европската унија.

Нишани ја повтори поддршката за членство на Македонија во НАТО, бидејќи е во интерес на мирот, безбедноста и стабилноста на регионот. Според него, Албанија со задоволство го очекува изнаоѓањето на компромисот и решавањето на спорот со името бидејќи тоа би го деблокирало и членството на Македонија во Алијансата.