Авганистан-Убиени 17 лица во самоубиствен бомбашки напад

Чевел на една од жртвите во нападот во авганистанската покраина Хост.

Авганистанските власти соопштија дека најмалку 17 лица загинале, а повеќе од 40 биле повредени, меѓу кои и еден член на Парламентот во самоубиствен бомбашки напад во источниот дел на земјата. Напаѓачот го активирал експлозивот на протести против актуелниот градоначалник на покраината Хост. Се уште никој не презема одговорност за нападот.