Заев: Мијалков барал половина милион евра при набавка на опрема за прислушување

Криминалното однесување на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков при набавката на опрема за тајната полиција беше тема на 15-та бомба на опозицијата.

Откриваме уште еден огромен корупциски скандал во Македонија, но и во регионот, вака претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ја започна денешната прес конференција. Тој најави снимки за корупција, на како што рече, директорот на УБК, Сашо Мијалков, поврзани со набавката на опрема за тајната полиција од Израел. Во овие разговори, рече Заев, не се зборувало во шифри, туку, како што додаде, во конкретни милионски суми.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Светлана Костова и Сашо Мијалков 1

Заев тврди дека од снимките се слушало како Мијалков преку неговата соработничка Светлана Костовска барал половина милион евра од израелската компанија за воопшто да почнат преговорите. Тој напомена дека целата зделка се одвивала преку Русија и Унгарија . Заев рече дека преговорите од израелска страна се одвивале преку извесен Израелец Хаим Хакини.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Светлана Костова и Хаим Хакејни

Да видиме 200-те илјади од провизијата како да ги донесат, вели женскиот глас на една од снимките, за кои опозицијата тврди дека е разговор меѓу директорот на УБК Сашо Мијалков и вработената во Управата, Светлана Костовска, која подоцна беше избрана за судијка. Во еден од разговорите машкиот глас за кој од СДСМ велат дека е на Мијалков, прашува - Да те бираме ли за судија?, по што женскиот глас вели - Јас сакам да ме изберете, на што машкиот глас одговара - Јас средив работа. Цел живот ќе ви бидам должна, вели женскиот глас.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Светлана Костова и Сашо Мијалков 4

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

Заев потсети на веќе емитуваните разговори, меѓу како што вели министерот за финансии Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за ребалансот на буџетот, во кои женскиот глас се жали дека не смее да крати од парите предвидени за набавка на опремата за прислушување.