Иванов од утре во посета на Албанија

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов од утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Албанија. Иванов во Тирана ќе има средби со неговиот албански колега Бујар Нишани, со премиерот Еди Рама и со претседателот на Собранието Илир Мета.

Во рамки на посетата Иванов ќе се сретне и со градоначалникот на Тирана Љуљзим Баша. В петок тој ќе го посети и Пустец, каде што ќе се сретне со претставници на локалната македонска заедница.