Полицијата ја опколила фабриката на Порошенко во Русија

Фабриката на украинскиот претседател Петро Порошенко во Липецк.

Полицијата ја опколила руската фабрика за чоколадо, кој е во сопственост на компанијата Рошен на украинскиот претседател Петро Порошенко. Руски новински агенции јавија дека маскирани припадници на полицијата го блокирале влезот на фабриката, која се наоѓа во рускиот западен град Липецк.

Директорот на фабриката Константин Вахонин не даде коментар, а регионалната полиција одби да даде детали за акцијата. Односите помеѓу Москва и Киев се затегнати откако Русија го презема Крим и ги поддржа бунтовниците кои се борат против владините сили во источна Украина.