Лавров: постигнат нацрт договор со Иран

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека бил постигнат рамковен договор меѓу Иран и шесте светски сили во кој биле вклучени и предлози за олабавување на економските санкции против Техеран во замена за ограничување на неговата нуклеарна програма. Ваквите наводи на Лавров беа демантирани од американски дипломати кои се вклучени во преговорите кои се одвиваат во швајцарскиот град Лозана. Американските дипломати изјавија дека не било вистина оти договорот ги опфаќал сите клучни прашања како што претходно соопшти Лавров. Преговорите беа продолжени и по предвидениот рок за нивно завршување, 31 март.