Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и во западните и северните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 10 до 18 степени. Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне со повремен слаб дожд и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 13 степени.