Турскиот суд ги ослободи офицерите обвинети за заговор

Турскиот суд ги ослободи од обвиненија сите 236 офицери од армијата, кои се товареа за наводен заговор за преврат од 2003 година во процесот за операцијата Чекан. Судијата во процесот изјавил дека електронските докази не можат да бидат прифатени од судот. Во 2012 година друг суд ги осуди офицерите на казна затвор поради наводен заговор, но врз основа на одлуката на Уставниот суд случајот беше повторно вратен на разгледување.