ВМРО ДПМНЕ-Правно неаргументирани се пријавите на СДСМ

Средба на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

СДСМ продолжува со своите правно неаргументирани и неиздржани пријави базирани на манипулации со цел да ја дефокусира јавноста од скандалозното и деструктивно сценарио што го спроведува Зоран Заев, се вели во пишаната реакција на ВМРО - ДПМНЕ. СДСМ денеска до Јавното обвинителство поднесе кривични пријави против премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и скопскиот градоначалник Коце Трајановски во врска со парцелите на Водно.

Според ВМРО ДПМНЕ, од СДСМ направиле крајно низок обид да се доберат до власт по секоја цена, без поддршка од народот, без избори, користејќи креирани и сечени материјали добиени на криминален начин од некој кој не и мисли добро на Македонија.