УНХЦР-Албанците од Косово и Србија трети по барање на азил

Мапата на УНХЦР на азиланти во 2014 година.

Вилијам Спајндлер од УНХЦР изјави дека според нивните податоци, вкупно 55.700 Албанци од Косово и од југот на Србија лани поднеле барање за азил, а Германија е прва на листата за „прием“. Тој напомена и дека бројот на барања за азил во 44 најразвиени држави во светот е зголемен за 45 отсто, најголемо ниво во изминатите 22 години. Според него, најмногу пораснал бројот на баратели од Сирија, околу 150.000, а на второ место се азиланти од Ирак и Авганистан, околу 68.700.