Иран бара запирање на воената операција во Јемен

Иранскиот заменик министер за надворешна политика, Хосеин Амир Абдолахиан

Иран повика на итно запирање на воената операција предводена од Саудиска Арабија против шиитските бунтовници во Јемен, предупредувајќи дека нападите го загрозуваат целиот регион. Говорејќи во Кувајт, иранскиот заменик министер за надворешна политика, Хосеин Амир Абдолахиан изјави дека Иран и Саудиска Арабија може да соработуваат во решавањето на кризата во Јемен. Во меѓувреме медиумите јавија дека Иран испратил хуманитарна помош во Јемен.