Каримов реизбран за претседател на Узбекистан

Ислам Каримов

Узбекистанската изборна комисија соопшти дека актуелниот претседател Ислам Каримов лесно извојувал победа на гласањето на изборите за кое имаше низа критики од страна на меѓународните набљудувачи и осуди од странските противници за негов реизбор на функцијата. Според податоците, Каримов освоил повеќе од 90 проценти од гласовите.

Каримов е на функцијата повеќе од 25 години и се очекуваше да го освои и четвртиот мандат. Тројцата останати кандидати на изборите беа непознати и за време на кампањата упатуваа пофалби кон владеењето на Каримов.