Финален ден на нуклеарните преговори со Иран

На преговарачите од Иран и од шесте светски сили денеска им е последен ден од преговорите пред истекот на рокот за постигнување рамковен договор за иранската нуклеарна програма. Русија, Франција, Британија, Кина, Соединетите држави и Германија сакаат гаранции од Иран дека нема да се обидува да дојде до нуклеарно оружје во замена за олабавување на меѓународните санкции против Техеран. Но, еден западен дипломат вчера изјави дека се уште не било јасно дали ќе може да се постигне рамковен договор пред истекот на рокот. Главно прашање за кое се расправа е бројот на центрифугите со кои Иран ќе оперира, како и можното преместување на збогатениот ураниум од Иран.