Времето денеска: сончево со умерена облачност

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 11 до 18 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 16 степени.