Десетици загинати при воздушните напади во Јемен

Агенцијата за миграција на Обединетите нации, соопшти дека при воздушните напади на Саудиска Арабија пртив Хути бунтовниците во североисточен Јемен, десетици луѓе се убиени и повредени во камп за раселени лица. Организацијатa соопшти дека 45 луѓе загинале и 65 се повредени, кога проектил завршил во близина на кампот Ал-Мазрак во провинцијата Хаџа. Локалните власти велат дека меѓу жртвите има жени, деца и персонал од кампот. Министерот за надворешни работи на Јемен, од главниот град на Саудиска Арабија изјави дека експлозијата не дошла од силите на коалицаијата предводена од Саудиска Арабија, туку од шиитските Хути бунтовници.