Општина Центар одлучи да има референдум за изгледот на ГТЦ

Советниците на Општина Центар изгласаа да се одржи референдум за новиот изглед на Градскиот трговски центар, по иницијативата на Владата да ја смени постоечката фасада во барокен изглед. Одлуката беше донесена откако 12 советници гласаа „За“, а 11 беа воздржани. Два часа траела жестока расправа, при што советниците од ВМРО-ДПМНЕ го застапувале ставот референдумот да биде распишан на ниво на целата држава, а со аргумент дека во неговата изградба учествувале повеќе државни фирми. Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски реагирал дека ГТЦ не треба да се политизира и за тоа треба да одлучат граѓаните на општина Центар.