Не е јасно дали е можен договор за нуклеарната програма на Иран

Дипломат од Западот на разговорите меѓу шесте сили и Иран, вели дека не е јасно дали е можно да биде постигнат договор за намалување на нуклеарната програма на Техеран, во замена на олеснување на санкциите. Дипломатот зборувал анономно откако Иран и шесте сили денеска се сретнаа во Лозана, Швајцарија. Тој изјавил дека најтешките прашања се поврзани со траењето на ограничувањата на иранските нуклеарни активности по првичните 10 години, за укинување на санкциите на ОН против Иран, како и за враќање на санкциите доколку Техеран не го почитува договорот. Ројтерс го цитира дипломатот како вели дека не може да има договор доколку нема одговори на овие прашања.