Средба на министрите пред крајниот рок за довор со Иран

Министерите за надворешни работи на шесте светски сили и Иран, денеска се сретнаа на еден ден пред крајниот рок за постигнување на рамковен договор за спречување на нуклеарната програма на Техеран, во замена за ослободување од санкциите. Ова е прва средба од ноември минатата година кога министрите за надворешни работи на Британија, Кина, Франција, Русија, Германија, САД и Иран, не успеаја да постават краен рок за договор. Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Ријабков, кој е главен руски преговарач, изјави дека преговорите во Лозана се исклучително интензивни. Тој вели: „Главната работа што предизвикува оптимизам е определбата на сите министри да се постигне резултат во рамките на тековната сесија.“ Британскиот министер за надворешни работи, Филип Хамонд, пред разговорите рече дека сите министри веруваат дека може да биде постигнат договор. Тој додаде дека „мора да има договор кој ќе ја стави атомската бомба надвор од дофатот на Иран.“ Медиумите известуваат дека главните прашања за кои се дискутира е колкав број на центрифуги ќе му биде дозволено на Иран да користи и на можно отстранување на збогатен ураниум од Иран.