Кери и Лавров за преговорите со Иран

Официјална Москва денеска соопшти дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери се состанале во Лозана, Швајцарија за да разговараат за статусот на нуклеарните преговори со Иран, како и за други меѓународни прашања. До средбата дојде на крајот на вчерашните интензивни разговори со иранските преговарачи околу контроверзната нуклеарна програма, пред крајот на истекот на рокот за постигнување решение, 31 март. Таканаречената група 5 плус 1, петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации плус Германија, сака договор со кој ќе се обезбеди спречување на Иран да дојде до нуклеарно оружје.