Унијата на средношколци против задолжителна математиката за матура

Архивска фотографија.

Унијата на средношколци на Македонија бара од Министерството за образование и наука математиката да не биде задолжителен предмет за државна матура за сите ученици.

Ставот на Унијата, според претставникот Звонко Селев, е математиката да биде задолжителна само за учениците од природно-математичките смерови. Тој во изјава за медиумите пред Министерството за образование денеска истакна дека бараат прием во ресорното Министерство за да ја презентираат нивната средношколска платформа, која, според него, содржи барање во врска со измените за полагањето државна матура.