Договорено создавање заеднички арапски воени сили

Египетскиот претседател Абдел Фатех ал-Сиси рече дека арапските лидери се согласиле да учествуваат во создавање заеднички воени сили. Тој денеска рече дека заедничките сили е потребни затоа што арапскиот народ се соочува со големи предизвици. Арапските претставници ќе се сретнат наредниот месец за да ги утврдат спецификите на резолуцијата усвоена од лидерите за време на Самитот на Арапската лига во египетскиот град Шарм ел-Шеик. Заедничките сили треба да им се спротивстават на милитантите од Исламската држава и на бунтовниците во Јемен.