Претседателски избори во Узбекистан

Узбекистанската централна изборна комисија ги прогласи претседателските избори за валидни, односно дека на изборите излегле повеќе од неопходниот минимум од 35 отсто од гласачите до 10 часот утринава по локално време. Се очекува актуелниот претседател Ислам Каримов да добие четврти мандат на функцијата. За критичарите, изборите се фарса, затоа што Каримов во изминатите две децении ги елиминираше неговите главни опоненти. ОБСЕ никогаш досега не оценила некои избори во Узбекистан како слободни и фер.