Саудиска Арабија евакуира дипломати од Јемен

Морнарицата на Саудиска Арабија почна операција за евакуација на дипломати и други странски државјани од пристанишниот град Аден во јужен Јемен. Саудиската телевизија соопшти дека воените бродови веќе евакуирале десетици дипломати. Операцијата доаѓа во време кога во Египет започнува Самитот на Арапската лига на кој кризата во Јемен се најде на врвот од агендата. Во Јемен насилството се шири од минатата година кога Хаути милицијата поддржана од Иран го зазеде главниот град Јемен и беше тргнат од власт претседателот Абд Рабу Мансор Хади. Бутновниците вчера наводно направиле напредок во јужниот и во источниот дел на земјата и покрај воздушните напади предводени од Саудиска Арабија.