Потребен е поголем напредок во разговорите за договор со Иран

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус, вели дека е можно да се постигне договор за нуклеарната програма на Иран до крајот на месецот, но дека е потребно да има повеќе напредок во преговорите. Фабиус ова го изјавиденеска пред седиштето на Обединетите нацц во Њу Јорк, од каде леташе во Лозана, Швајцарија да се приклучи на разговорите. Државниот секретар на САД, Џон Кери и иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, се сретнаа на првата рунда преговори. Рокот за донесување на рамковен договор за нуклеарната програма на Техеран е 31 март. Шесте сили и Иран две години преговараат да постигнат договор во замена за олеснувањето на санкциите врз Иран.