Бомбардирани позиции на Хути бунтовниците во Јемен

Сана

Саудиска Арабија и натаму бомбардира цели на Хути бунтовниците во Јемен. Саудиски борбени авиони извршиле неколку напади во главниот град Сана. Во меѓувреме, јеменскиот претседател Абд Рабу Мансур со брод пристигна во Саудиска Арабија од јеменскиот град Аден каде што Хути бунтовниците се борат со неговите сили. Саудиска Арабија и сојузниците од Персискиот залив веруваат дека шиитските Хути бунтовници се само алатка на Иран за да ја преземе контролата врз Јемен и најавија дека ќе го спречат тоа. Хутите демантираат дека се поддржани од Техеран.