Претседателите на Франција и Иран разговараа за нуклеарниот договор

Хранцускиот претседател Франсоа Оланд одржа телефонски разговор со неговиот ирански колега Хасан Рохани во обид да го прекинат застојот на преговорите за нуклеарната програма на Техеран. Од канцеларијата на Оланд соопштија дека разговорот бил инициран од иранска страна. Холанд побарал трајна, стабилна и потврдена согласност со Иран. Во соопштениот се вели дека францускиот претседател го признал „легитимното право на Иран за цивилна нуклеарна енергија“, но инсистирал дека мора да постојат гаранции дека Иран нема да произведе нуклеарно оружје.