Преслушување на црната кутија од соборениот авион на Германвингс

Француските истражители го започнале преслушувањето на снимките на разговорите во пилотската кабина на германскиот Ербас 320 што на 24 овој месец се урна во Француските алпи при што загинаа сите 150 патници и членови на екипажот. Весникот „Њујорк тајмс“ пишува дека снимките покажале дека еден од пилотите ја напуштил кабината, но не можел да се врати во неа. „Некој однадвор тропа на вратата, но од кабината нема одговор“, цитира весникот неименуван член на истражувачкиот тим. Ваквите наводи не се потврдени од Луфтханза, компанија во чија сопственост е Германвингс.